Ова е дополнителна можност ако сакате да објавите оглас на крајно едноставен начин преку мобилен телефон. Имено, доволно е да испратите СМС порака на бројот 141725 и на почетокот од текстот задолжително напишете го зборот OGLAS (со големи букви на латиница), а после тој збор оставете празно место и продолжете со текстот за Вашиот оглас. При тоа не мора да го пишувате Вашиот телефонски број, бидејќи како меродавен во огласот ќе го објавиме телефонскиот број од кој ќе ја испратите СМС пораката. Целиот текст може да содржи најмногу 160 карактери, вклучувајќи го и задолжителниот збор OGLAS на почетокот. Ако е сè во ред Вашиот оглас ќе биде објавен на нашиот Интернет огласник во времетраење од 60 дена. СМС пораката ќе Ве чини 11.80 МКД (нецели дванаесет денари) со вклучен ДДВ, без разлика кој е Вашиот мобилен оператор.

 
 

     Доколку, пак, сакате Вашиот оглас 30 дена да биде објавен во ИСТАКНАТИ ОГЛАСИ за да се наоѓа истовремено и на мошне видното место на нашиот Интернет огласник, постапете на следниот начин. Испратете СМС порака на бројот 141547 и на почетокот од текстот задолжително напишете ги двата збора CENT OGLASI (со големи букви на латиница), а после тие два збора оставете празно место и продолжете со текстот за Вашиот оглас. При тоа не мора да го пишувате Вашиот телефонски број, бидејќи како меродавен во огласот ќе го објавиме телефонскиот број од кој ќе ја испратите СМС пораката. Целиот текст може да содржи најмногу 160 карактери, вклучувајќи ги и задолжителните два збора CENT OGLASI на почетокот. СМС пораката ќе Ве чини 59.00 МКД (нецели шеесет денари) со вклучен ДДВ, без разлика кој е Вашиот мобилен оператор.