ДОКАЖАН РЕГИСТРАР
    Стекнатото ексклузивно овластување ни овозможува директно со името на нашата компанија не само да регистрираме домени за наши клиенти ширум светот, туку и да издаваме право на оние кои се заинтересирани да регистрираат домени за нивни клиенти. Се разбира, секој од нив ќе може да го користи сопственото заштитно име за неговите клиенти и „DONEV SERVER“ нема да фигурира на ниедно место.
    Така, по Ваше барање можеме да Ви одобриме да вршите регистрација на домени за Ваши клиенти сосема самостојно и засебно од нас. Потребно е само еднаш да ни платите 19 USD и ќе добиете во трајна сопственост Reseller Control Panel. Таму ќе имате и пониска почетна цена за секој домен, со тоа што потоа Вие ќе можете сами да ја одредувате цената по која за Вашите клиенти ќе регистрирате, обновувате и префрлувате домени. За таа цел доволно е во Вашиот Reseller Control Panel да ја наведете цената која сакате да Ви ја плаќаат клиентите за секој домен. Во истиот тој Ваш Reseller Control Panel можете на многу едноставен начин да го регулирате по Ваша желба и сето останато што таму Ви стои на располагање, како на пример: да се поставите како сопственик пред клиентите, да ја гледате Вашата заработувачка и целата друга состојба во реално време, да активирате Вашите клиенти автоматски да добиваат известување кога им истекува рокот за обновување на регистрираните домени и редица други корисни работи.
    Reseller опцијата е од големо значење ако сте web хостинг компанија, Интернет презентер провајдер, Интернет сервис провајдер, провајдер за eCommerce решенија, IT консалтинг компанија, web дизајн компанија, web апликациски развојна компанија, компанија за регистрација на домени, или едноставно сакате да почнете да продавате web услуги.
    Ние имаме воведено плаќање преку PayPal, користејќи максимално безбедносен систем. За да платите на тој начин кликнете тука и уплатата ќе ја извршите во рок од само неколку минути. Потоа, откако ќе го добиеме уплатениот износ, најдоцна за 2-3 часа ќе Ви испратиме e-mail со поединостите како да се логирате во Вашиот Reseller Control Panel. Во спротивно, доколку не сте во можност да платите преку PayPal, слободно контактирајте со нас за да побарате да Ви испратиме наша сметка да платите во денарска противвредност.


Домени:
 Регистрација 

 Префрлување 

 Најава 
Други услуги:
 Оптимизација 

 Одржување 

 Топ Про Хостинг 
ДОНЕВ СЕРВЕР:
 Докажан регистрар 

 За нас 

 Контакт 
Начини на плаќање:
 Примаме денарско, 
 но и плаќање со 
Следете нè на:


©  2004-2017 ДОНЕВ СЕРВЕР - Сите права се задржани